МНР: Не постоеја никакви индикации за напад врз Османи

 

По појавените информации во јавноста за можен напад врз делегацијата на ОБСЕ при посетата на Молдавија, со регионот Транснистрија која ја предводеше Претседавачот со Организацијата, министерот Бујар Османи, од министерството за надворешни работи во соопштение до јавноста информираат дека немало никакви индикации за можен напад кон министерот Османи, или врз делегацијата на ОБСЕ.

„Во рамките на ОБСЕ, посетите на делегациите на Организацијата и посетите од страна на Претседавачот предвидуваат посебни безбедносни протоколи кои се во надлежност на земјата домаќин. Реализираните посети на Украина, Молдавија, како и предвидените теренски посети во другите таканаречени „загрозени подрачја“ се реализираат со јасна назнака дека се тоа посети на делегацијата на ОБСЕ, што во меѓународните односи се сметаат за посети со зголемен ризик и внимателност. Претседавачот имаше целосна доверба во безбедносните служби на Молдавија и во тамошните власти, кои ја гарантираа неговата безбедност и безбедноста на делегацијата. Ние не бевме информирани, ниту постоеја индикации за какви било закани или можен напад врз делегацијата на ОБСЕ, ниту кон претседавачот Османи за време на неговата посета. Безбедноста на претставниците на ОБСЕ е од висок приоритет и Организацијата ќе ја продолжи блиската соработка со локалните власти за време на која било посета и на која било локација“, стои во соопштението на МНР испратено до медиумите.

15.03.2023 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега