Младите лекари изреволтирани излегуваат на протест, бараат достоинствени плати

 


Младите лекари излегуваат на протест пред Министерството за здравство каде ќе бараат достоинствени плати.

„Нашите помлади колеги решија повеќе да не молчат и јавно преку протест да го изразат својот револт од односот на здравствените власти кон нив. Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ во целост го поддржува протестот на младите колеги и АПЕЛИРА до секој оној колега кој сака подобар статус да дојде и излезе на овој протест!“, велат од Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.

21.03.2024 - 10:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега