Митрески по повод Рамазан организираше Ифтарска вечера

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во чест на светиот месец Рамазан, традиционално организираше Ифтарска вечера.

Тој изрази задоволство што во овие свети денови за припадниците на муслиманската вероисповед сите заедно ја споделуваме вербата во соживотот и меѓусебното почитување на различностите.

„Почитувањето на другиот, со сите форми на верување, живеење и изразување е предуслов за здраво општество, за толерантно меѓуетничко општество како што е нашето. Само на овој начин, како што сме вечерва, со различна вероисповед, со различна политичка припадност и уверување, со различна етничка припадност, а повторно заедно, на иста маса и со заедничка желба за просперитетна и безбедна иднина, можеме да обезбедиме поубава и посветла иднина за нашите граѓани“, им порача на присутните претседателот Митрески.

 

19.03.2024 - 20:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега