Мишел: ЕУ реши да започне пристапни преговори со Украина и Молдавија

 

Лидерите на змјите членки на ЕУ донесоа одлука за старт на преговори за членство со Украина и Молдавија, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Икс.

– Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија, наведе Мишел.

Според него, Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите.

– ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука, додаде Мишеч во објавата.

Според него, ваквите одлуку се јасен сигнал за надеж за народите на овие земји и за европскиот континент.

14.12.2023 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега