Миркуловски замина во пензија: Ви благодарам, вие ми помогнавте да стигнам до ова ниво (ВИДЕО)

 

Македонската ракометна легенда Филип Миркуловски вчера ја заврши кариерата како ракометар, откако постигна два гола во победата на Вецлар против Минден.

 

Миркуловски по мечот им се заблагодари на навивачите за поддршката која му ја давале во текот на годините.

 

„Ви благодарам што дојдовте, вие бевте дел од мојата кариера и сте заслужни што стигнав до ова ниво“, кажа Миркуловски.

 

Македонецот ќе продолжи да работи во екипата, но како помошник на главниот тренер.

 

 

13.06.2022 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега