Мирјана Лазарова Трајковска предложена за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг

 

 

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање на кандидатката д-р Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Македонија. Земјава е дел од Источно-европската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22-та сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 – 14 декември 2023 година во Њујорк.

Мирјана Лазарова Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Оддел за казниви дела, Претседателка на Одделот за судење во разумен рок и одделот за судска практика), поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Кандидатурата на Лазарова Трајковска е поддржана од претседателот Стево Пендаровски, од МНР и од Судскиот совет.

21.03.2023 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа