Министерство за здравство: Има доволно количини на инсулин во инсулинските аптеки

Министерството за здравство денеска соопшти дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.

Од Министерството наведуваат дека во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек.

„Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика“ соопштуваат од Министерството потенцирајќи дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија.

07.02.2024 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега