Министерство за култура: Не се точни информациите дека не сме го поддржале Вевчанскиот карневал

 

 

Информација од Министерство за култура за поддршка на Вевчански карневал

Во тек е одлучувањето по Годишните конкурси на Минстерството за култура, а резултатите ќе бидат објавени согласно законските норми, во рок од 45 дена по донесување на Буџетот. Во таа смисла неточни се изјавите од организатрите на манифестацијата Вевчански карневал дека Министерството за култура не ја поддржало манифестиацијата за оваа година. 

Одлучувањето е во тек, и секакво мешање во работата на стручните комисии е притисок врз нивната високопрофесионална, незеависна работа, која се одвива согласно законските норми.

Во интерес на вистинито и целосно информирање на јавноста, соопштуваме дека Вевчанскиот карневал не доставил апликација минатата година, а дека пред пандемијата, во 2019 и во 2020 година е поддржуван со по 1 100 000 денари.

13.01.2023 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега