Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република
Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерката Славјанка Петровска денеска ќе престојува во официјална посета на Чешката Република.
За време на посетата министерката Петровска ќе има средба со нејзината колешка, министерката за одбрана Јана Чернохова, а бидат одржани и билатерални разговори меѓу двете делегации, соопшти Министерството за одбрана.
Петровска ќе се сретне и со претседателот на парламентарниот Комитет за одбрана на Чешка, Лубомир Метнар. Во текот на денот, министерката Петровска ќе го посети Воздухопловниот ремонтен завод ЛОМ, каде во следниот период ќе бидат ремонтирани армиските транспортни хеликоптери врз основа на меѓувладиниот договор склучен во декември 2022 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа