Минималната плата ќе расте до 18.000 денари - ама ќе видиме кога

 

Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија. 

Очекувањата и на Владата и на работодавачите се дека заради енергетската криза, првите три месеци од оваа година ќе бидат меѓу најтешките досега и затоа треба да се почека со зголемувањето на минималецот. ССМ пак велат дека условите на пазарот се такви што работниците не можат да чекаат.

ССМ и Владата в понеделник ќе разговараат за покачување на платите, К15 за јавниот сектор и непочитувањето на недела неработен ден. Доколку не им се исплнат барањата, синдикалците најавуваат штрајк.

20.01.2022 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега