Милошоски до Заев: Пред да критикува за амандмани да поразговара со Шеќеринска, Оливер и Бучковски- што си дробел, тоа ќе сркаш
Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денес објави видео со кое на Заев му порача дека некогаш тие биле опозиција и го правеле истото.
Поконкретно,СДСМ поднесе 2.300 амандмани на Деловникот и рече “ако сакате ефикасен парламент треба:
1. да ја почитувате демократијата
2. да ја почитувате опозицијата и
3. сами да си обезбедите кворум”
На тие амандмани потпишани беа тогашните пратеници Р.Шеќеринска, О.Спасовски, В.Бучковски и други славни демократски другари на аболицираниот Заев.
Денес Заев пред да критикува зошто опозицијата поднела амандмани на Деловникот во Собранието треба, прво да си поразговара со Шеќеринска, Оливер и Бучковски за да му објаснат што е ефикасно Собрание и опозиција, и второ, да го потсетат на на народната поговорка “што си дробел, тоа ќе сркаш”!“ напиша Милошоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа