Мицкоски за средбата Сиљановска - Радев: Градиме мостови со сите соседи
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека според неговите информации средбата меѓу претседателите на Македонија и Бугарија, Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев поминала пријателски и во добра атмосфера.
-Ние се трудиме да градиме мостови со сите соседи. Сега не знам што бил речникот на средбата. Знам дека средбата поминала пријателски во добра атмосфера. Нашите аргументи се немилосрдни. Добив информација дека тие аргументи се презентирани на таа средба. Истото она што го правиме ние со нашите стратешки партнери му е предочено и на г. Радев и очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека ова е навистина двонасочна улица и дека навистина до крајот на оваа година ќе можеме и ние да продолжиме со нашиот процес на достоинствен начин, вели Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа