Мицкоски во Битола: Започна реконструкцијата на кино „Партизан“, инвестиција од 96 милиони денари
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.
„Со вкупна вредност од 96.000.000 денари, проектот претставува значајна инвестиција во културниот развој на нашиот град, а неговата реализација е планирана да заврши до декември 2026 година.
Со вакви проекти продолжуваме да градиме посилна културна инфраструктура и да ја враќаме Битола на мапата на значајни културни центри во државата“, вели Мицкоски.
17.06.2025 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа