Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон за намалување на акцизата за горивата, затоа што власта не се вразуми самата да ја намали

 

При денешната посета на општина Ѓорче Петров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе поднесат закон за намалување на акцизата за горива истакна дека бидејќи владата не е разумна самата да ги намали акцизите на горивата ВМРО-ДПМНЕ во деновите кои што следат ќе поднесе таков предлог закон.

„Чекавме владата да се вразуми и самата да ги намали акцизите, но бидејќи тоа очигледно не се случува, деновите кои што следат ќе има таков предлог“, нагласи Мицкоски.

16.02.2022 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега