Мицкоски: Владата за своите во Штип е „мајка“, за вевчанци „маќеа“
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски остро реагираше на немирите кои попладнево се случија во Вевчани откако полицијата влезе за да го растера вековниот карневал.
Вели дека Владата за своите во Штип е „мајка“, а за народот во Вевчани е „маќеа“.
-Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада. Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата. Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ... Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Кога Владата за своите во Штип е "мајка", а за народот во Вевчани "маќеа". Кога Владата цензурира критика и традиција...
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 13 January 2021
Инаку, униформирани полициски службеници, но и припадници на Единицата за брзо распоредување влегоа во селото за да интервенираат поради групирање на Василичарите, по што настана општа тепачка помеѓу полицијата и маскираните.
Од МВР велат дека полицијата интервенирала поради загрозување на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.
-И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата, информираат од СВР Охрид за Сител.
По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Од полицијата апелираат до сите граѓани заеднички да придонесат за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа