Мицкоски: Службите незаконски ме следеле и злоупотребувале државни ресурси
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека неговото физичко следење од страна на службите додека бил лидер на опозицијата била класична злоупотреба на државните ресурси.
-Што е разликата помеѓу злоупотреба на државните ресурси и прислушкување и физичко покривање, исто така, со злоупотреба на државните ресурси на претседател на најголема политичка партија во опозиција во тој момент? Што е разликата? Нема разлика, за ова луѓе во затвор се, за ова луѓе се во затвор. Тоа што врз основа на наводна информација добиена од информатор била составена белешка која потоа врз основа на процедурата на агенцијата служела како алиби за да може институционално да биде следен истакна дека не е во ред, а тоа се потврдува и со тоа што МВР не била информирана. Врз основа на тоа што успеав да го видам и да го слушнам од луѓето со коишто комуницирам, а тие се вработени во агенциите коишто се занимаваат со безбедност, тогаш можам да заклучам дека станува збор за внатрешна процедура во која што се користат ресурси на овие агенции коишто најчесто постапуваат по принципот на добиена информација, без да има материјални докази, истакна Мицкоски во гостување во емисијата „360 степени”.
-Тоа за мене не е во ред и ќе ви кажам и зашто. Затоа што ако јас сум финансирал, инспирирал вооружена формација којашто во тој момент претставувала опасност за правниот поредок и Уставот на Македонија, а тоа го констатирала една од овие две агенции, тогаш логично е таа агенција да го информира Министерството за внатрешни работи. Прашањето е зошто не го информирала? Ќе го дадам и одговорот. Затоа што тој период кога таа агенција го констатирала ова преку информација добиена од свој извор, не го информирала министерот бидејќи во тој период министер е техничкиот министер Наќе Чулев. Затоа што не е точно. Затоа што ќе се констатирало класична злоупотреба, вели Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа