Мицкоски: Правните услуги за кредиот од Унгарија ќе не чинат 70.000 евра

Од овие половина милијарда кои ќе ги земеме како кредит од Унгарија, трошоците кои ќе ги платиме за правни услуги ќе не чинат 70.000 евра, објави денеска премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски рече дека тие 70.000 евра се најнискиот трошок што сме го платиле за правни услуги и дека тоа е вообичаена процедура. Потенцираше дека законот е во Собрание и дека се е транспарентно.
Тој објасни дека Македонија веќе треба да враќа долгови за претходни задолжувања. За осумгодишната обврзница, земена во 2017та Мицкоски вели дека Македонија прво ќе се обиде да најде пари по пониска камата на европскиот пазар, но доколку таму не најдеме ништо под 3,2%, тогаш ќе се повлече и втората половина од заемот од Унгарија, односно, дополнителни 500 милиони евра.

 

11.09.2024 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега