Мицкоски: Ова се избори на кои граѓаните ќе изберат дали ја сакаат Македонија или не

„Секогаш кога во Македонија имаме влада на СДС македонскиот народ, граѓаните на Македонија и самата Македонија губат, се удира директно врз македонскиот идентитет. Секогаш кога имаме влада на СДС секогаш имаме по нешто коешто идентитетски губиме“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешното негово обраќање во Македонски Брод во рамките на претседателска кампања.

Мицкоски во текот на своето обраќање потенцираше дека на овие избори се бира за и против Македонија односно дека на овие избори се бира дали ја сакаме Македонија и ја бираме професорката Гордана Силјановска Давкова.

-СДС се обидува да ги претстави овие избори кои следат како избори за ЕУ или против ЕУ. Они биле за ЕУ, а ние според нив сме биле против ЕУ и тоа е погрешна теза. Ова се избори на кои бирате за и против Македонија, нема трета опција. На овие избори бираме дали ја сакаме Македонија и ја бираме Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ или сме против Македонија, а тоа е Стево Пендаровски и коалицијата што ја предводи СДСМ, рече тој.

Мицкоски се осврна и на кандидатот за претседател Стево Пендаровски каде укажа дека Пендаровски е патрон и главен измеќар на ДУИ на чело со Али Ахмети.

 

11.04.2024 - 19:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега