Мицкоски: Ќе дојде ОБСЕ ама ќе дојдат и истражители и инспекции за хонорарите
Ќе се вклучат инспекциите и истражните органи за да се види колкави хонорари земале членовите на мешовитата историско-образовна комисија, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема проблем да се вклучат експерти од ОБСЕ.
-Нека се вклучат експерти. Ние сме за да се вклучат експерти и да се најде решение. Е сега, дали овие политички флоскули од страна на поранешните членови на историската комисија треба да се коментираат повеќе и да им се посветува внимание, не мислам, вели Мицкоски.
Премиерот тврди дека потрешени се стотици илјади евра, народни пари за прифаќање капитулација.
-Потрошени се стотици илјади евра народни пари, евра, за ништо. За нешто коешто резултираше со капитулација, прифаќајки го тоа што го прифатија двоецот Ковачевски и Османи. Отприлика, тоа е суштината којашто оваа комисија ја сработи и потроши неколку стотици илјади евра, народни пари, вели Мицкоски.
Најави и дека ќе се вклучат инспекциите и истражните органи за да се види каде се трошеле овие пари.
-Така што мислам дека отсуството на доверба на оваа Влада којашто доби легитимитет од граѓаните да ги исправа погрешно водените процеси во минатото кон овие членови на старата комисија е прашање на политичка одлука, тоа не е прашање на нешто друго, дали ОБСЕ ќе се вклучел или не знам кој ќе се вклучел. Нека се вклучат ОБСЕ, ама ќе се вклучат сега и инспекциските и истражните органи да видиме каде се трошеа парите и ќе се вклучат тие да видиме на што се трошеле парите, колкави се хонорарите на овие коишто направија ништо изминатите години. Односно, го засрамија народот во Македонија и ги продадоа македонските интереси, вели Мицкоски.
Ова доаѓа откако поранешни членови на македонскиот тим испратија став поради, како што велат, неоснованите изјави на премиерот и претставници на Владата поврзани со нивната работа.
Нивното писмо прочитајте го ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа