Мицкоски: Доколку се сретнам со Груевски ќе бидете информирани
Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали во Будимпешта имал средба со поранешниот премиер Никола Груевски тој одговори „не се сретнав, но доколку се сретнам ќе бидете информирани“.
„Не! Не се сретнав, но доколку се сретнам ќе бидете информирани затоа што јас водам политика на принцип под вистината е најточна. Така што верувајте секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам нема зашто да кријам бидејќи немам што да кријам совеста ми е секогаш чиста. Но исто така во име на таа вистина можам да кажам да потврдам а многу скоро и со докази дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ се среќавале во Будимпешта со господинот Никола Груевски“, изјави Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа