Мета: Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде нова димензија на економскиот развој на Северна Македонија


Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, преку објава на социјалните мрежи изразува поддршка за ВМРО ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата, на претстојните избори.

Оценува дека со победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите Северна Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучна гаранција за тоа.

Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Северна Македонија во иднина, од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани, напиша Мета во објавата на Фејсбук.

Да не заборавиме дека нејзината визија и политики во владеењето ја трансформираа Северна Македонија во 10-та земја во светот и 5-та во Европа по бизнис клима и странски инвестиции, истакна Мета.

Според него благодарение на визијата на ВМРО-ДПМНЕ, Северна Македонија “направи бум во растот на земјоделството и сточарството, почнувајќи со 10 милиони евра годишна  финансиска поддршка и зголемувајќи ги на 200 милиони евра”.

„Новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, верувам, доволно научи од грешките направени во минатото и последиците од непотизмот, кој ги засени извонредните економски и општествени достигнувања. Северна Македонија ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа“, пишува Мета.

На објавата тој постира и фотографија од поранешна средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

14.04.2024 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега