Меси постави рекорд и на Инстаграм

Лионел Меси, предводникот на шампионската селекција Аргентина, продолжува да ги реди рекордите и по завршувањето на Светското првенство во Катар. Имено, неговата објава на Инстаграм, со кренатата „божица“ го сруши рекордот по број на лајкови, со повеќе од 69 милиони за неколку часа и тој број се уште се зголемува.

Објавата на Меси на Инстаграм е во предност пред досега најпопуларната објава, едноставна фотографија – јајце, пренесува Би-Би-Си.

Така, рекордите на Меси продолжуваат надвор од фудбалските терени, каде неодамна и донесе триумф на Аргентина по долги 36 години.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

22.12.2022 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега