Мерцедес излетал од патот, возачот починал

Вчера во 06.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот, извести МВР.

Од увидот, извршен по наредба на јавен обвинител, констатирано е дека станува збор за 49-годишниот Е.Л. од селото Лисичани, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, извести МВР.

По завршената обдукција било утврдено дека смртта кај возачот настапила пред несреќата.

06.12.2023 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега