Меланија Трамп повторно издоминира со својот дамски изглед во парче облека кое се носеше и пред 50 години

Првата дама на САД постојано експериментира кога станува збор за модата, но тоа секако дека го прави на маестрален начин.

Претседателот на Америка и неговата сопруга Меланија, во Белата куќа ја угостиле судијката Ејми Кони Берет по повод церемонијата на давањето заклетва пред Сенатот.

Берет е новата судијка на Врховниот суд и кандидатка која што ја номинираше Трамп, така што ова бил важен момент како за Берет така и за актуелниот претседател на САД.

На церемонијата одржана во Белата куќа имало многу луѓе од политиката, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а сепак една од најатрактивните присутни таму повторно била Меланија Трамп.

Сопругата на Доналд избрала да изгледа класично за овој настан – сив костим составен од струкирано сако со копчиња и здолниште до под колена, а за разлика од нејзините претходни појавувања, сега носела и црни хулахопки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега