Меиџити: Османи изгради куќа на диво а Груби и браќата станови - јас им ги легализирав

Синоќа, во емисијата Клик Плус на ТВ21, Лидерот на Демократското движење Изет Меџити, меѓу другото, за прв пат даде до знаење дека како и многу други граѓани, така и функционери на ДУИ, имено кандидатот за претседател Бујар Османи и заменик премиерот Артан Груби изградиле диви или нелегални објекти и истите подоцна ги легализирале.

„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, и јас како градоначалник му ја легализирав нему како и на многу други граѓани, па наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво.“

„Артан и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда  на диво ја изградиле и истите се легализирани.“

26.03.2024 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега