Меѓународната агенција за атомска енергија: Не најдовме докази за минирање на нуклерката Запрожје

 

 

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека при последната инспекција не забележале никакви знаци на поставен експлозив во нуклеарната централа Запорожје, пренесува руската новинска агенција Интерфакс.

„За време на неодамнешните инспекции, не забележавме знаци на детонација, но остануваме крајно претпазливи“, изјави извршниот директор Рафаел Гроси, цитиран од Интерфакс.

МААЕ последен пат ја прегледа фабриката во петокот на 30 јуни. Од тогаш,  претставниците не биле лично во областа на фабриката.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека украинските разузнавачи неодамна идентификувале предмети на врвот на зградите на реакторот што личат на експлозив. Тој не кажа кога разузнавачката служба првпат ги видела експлозивните направи.

05.07.2023 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега