Меѓународна конференција за економските предизвици и можности за меѓународна акредитација

На Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ вчера и денеска се одржува 4-та Меѓунарoдна конференција под наслов Economic and Business Trends Shaping the Future.

Како што соопштија од Факултетот, на дводневната конференција со над 80 учесници, ќе бидат презентирани над 30 научни труда. Во рамки на оваа конференција, се реализираше и информативен настан во соработка со AACSB (Association to Advance Collegiate Schools of Business).

-Оваа сесија имаше за цел да вклучи претставници од целиот регион во дискусии поврзани со напредокот во област на бизнис едукацијата и значењето на акредитацијата на AACSB. Во рамки на оваа сесија како главен гостин говорник, свое обраќање имаше професор Rон Тунинга, извршен директор на AACSB кој се фокусираше на виталниот развој и идните можности во сферата на интернационалната бизнис едукација, споделувајќи ги притоа своите значајни согледувања по однос на ова прашање поврзани со академските институции во регионот, велат од Економскиот факултет. 

10.11.2023 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега