Меџити: Никогаш немало постабилна Влада - предвремени избори се непотребно губење време

 

Вицепремиерот Изет Меџити е против предвремени парламентарни избори заедно со локалните. 

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека од осамостојувањето на државата досега немало постабилна Влада од оваа.

-Од 90-тите години досега немало постабилна Влада и поголемо мнозинство од ова, 78 пратеници, и тоа расте. Сигурно за кратко време расте и до 80. Тоа е две третини од Собрание. Тоа е доволен коментар, рече Меџити појаснувајќи дека изјавата на премиерот Мицкоски само дел од дебата во Собранието.

Според него, никому не му е во прилог да се одржат предвремени парламентарни избори и тоа ќе биде само непотребен трошок и непотребно губење време.

-За државата и граѓаните, кога имаш мнозинство од 80 пратеници е непотребно да се размислува бидејќи тоа е трошок за државата и непотребно губење време бидејќи секое прогласување на избори шест месеци пред и по изборите запираат сите постапки, сите јавни набавки, вработувања и тоа влијае многу на економијата. Прво нема да бидат среќни тие што сакаат да работат, бизнисот во оваа држава, рече Меџити

04.11.2024 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега