Меџити: Лично иницирав вонредна инспекција по смртта на родилката од Делчево

Преку вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе се утврдува дали се направени пропусти за смртта на родилката од Делчево. Во Клиничкиот центар беше препратена од штипската болница во која ја породиле, но поради обилно крвавење заедно со бебето била препратена во Скопје.

„За жал вакви случаи во здравството се случуваат. Секаде во светот има немили настани, знаете природата е таква. Денес, лично, од сабајле иницирав вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и кога ќе имаме комплетен извештај тоа ќе го споделиме“, рече министерот Меџити.

Објаснување за целиот случај за денес најавија и од штипската болница.

28.12.2023 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега