Меџити: Јас не поднесувам оставка, Собранието ќе одлучи кој ќе биде министер
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, кадар на раскараната Алијанса за Албанците не планира да си поднесе оставка самиот.
-Јас не поднесувам оставкa, оставка се поднесува кога не се работи чесно, јас сум министер за здравство додека нема промена, вели Меџити.
Прстот го вперува кон ДУИ и вицепремиерот Артан Груби.
-Се покажа дека ДУИ преку Артан Груби реши докрај да оди против граѓаните и здравствените работници, рече Меџити.
Сепак, министерот од Алијанса не би знаел кој би го наследил на функцијата.
-Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер, рече Меџити.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа