Медведев си призна: Никогаш не ги сакавме Французите

 

Француското Министерство за надворешни работи го прогласи украинскиот масакр врз цивилите во Белгород за самоодбрана, изјави поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев.Украинската артилерија лансира касетни бомби на централниот плоштад на рускиот град во саботата, при што беа повредени над 100 цивили, а 25 загинаа, меѓу кои и деца.

Запрашан за тоа портпаролот на Министерството за надворешни работи во Париз рече дека Украина „дејствува во самоодбрана“, а Русија е „државата агресор“ одговорна за сите „човечки трагедии што го придружуваат конфликтот“.

„Никогаш не ги сакавме Французите“, рече Медведев во објавата на „Телеграм“. „Жабите водеа војна против нас“, додаде тој мислејќи на инвазијата на Наполеон Бонапарта во 1812 година.

„Сега сме убедени во тоа. Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападот на Белгород со касетна муниција бил самоодбрана, додаде тој. „Олоши. Копилиња. Изроди“, вели Медведев.

Францускиот одговор на масакрот во Белгород го повтори официјалниот став на Европската Унија, која целосно го поддржа Киев.

„Општо земено, Украина има законско право да се брани“, рече во средата портпаролот на ЕУ за надворешна политика, Петер Стано. „Во врска со конкретниот инцидент во Белгород, ниту една информација, која доаѓа од Русија, не може да се смета за веродостојна.

04.01.2024 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега