Медведев: Русија ќе го заврши она што го започна, на Москва и одговара одбивањето на Украина да преговара
Одбивањето на властите во Киев да водат преговори со Москва ќе и овозможи на Русија да го заврши она што го започна за време на специјалната воена операција, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
Според него, Русија е виновна што властите во Киев „изнесоа неодржлива формула за мир и што со пена од устата и ги отфрлаат сите други опции за водење преговори“.
Медведев смета дека е корисно што претседателот на Украина, Владимир Зеленски, потпиша документ со кој се забрануваат преговори со Русија.
„Ова ќе и овозможи на Русија да го заврши она што го започна “, рече тој, посочувајќи дека ги имал на ум крајот на неонацистичката идеологија и ликвидацијата на сите никаквеци кои егзекутираа огромен број на нивни граѓани заради парите украдени од Запад и заради задоволување на нивните болни амбиции“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа