Мечка влезе во кујна на хотел и го нападна чуварот - камерата го снимила инцидентот во САД
Американскиот Скај Њуз објави видео од надзорната камера на еден од хотелите во Аспен, планински туристички град во државата Колорадо во САД, на која се гледа како мечка нападна чувар.
Имено, мечка влегла во кујната на луксузно одморалиште и наишла на чуварот
Откако слушнал необичен звук, чуварот решил да отиде во кујната каде ја „сретнал“ мечката. Мечката го нападна, го собори на под, му ја скина кошулата и го изгреба по грбот, пишува Н1.
Човекот успеал да побегне, а мечката била еутаназирана по нападот.
This CCTV captures the moment a bear attacked a security guard in a hotel kitchen in Colorado.
Colorado Parks and Wildlife said that the bear was euthanised following the attack.https://t.co/C3AamD1tuK pic.twitter.com/OtcuBv04qL
— Sky News (@SkyNews) October 27, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа