Маж со нож се заканувал во метадонскиот центар во Кавадарци, го оштетил и возилото на вработената

Неред  настанал вчера во метадонскиот центар во Кавадарци.

Една од вработените, во полицијата пријавила дека додека била на работното место, дошол Д.Ј. и почнал да ги навредува вработените и со остар предмет им упатил закани. Потоа ја оштетил и шофершајбната од нејзиното возило.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

МАКФАКС

12.06.2021 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа