Маж од Крушево физички нападнал полицајци
Вчера околу 17.50 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.А.(51) од Крушево затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево.
А.А. е задржан во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.
01.04.2024 - 16:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа