Маска за 90 минути открива коронавирус во здивот

 

Тим истражувачи од Институтот за технологија во Масачусец и Универзитетот Харвард дизајнираа прототип на маска која открива присуство на вирусот Ковид-19 во здивот.

Технологијата е заснована на сличен начин како за дијагностицирање ебола или зика вирусот, кои кон средината на минатата деценија ги разви професорот по инженерство од МИТ, Џемјс Колин.

Тој подоцна направи систем на сензори за детектирање на нуклеинска киселина. Неговиот тим научници веќе работеа на развој на преносливи сензори, како маски, кога изби пандемијата од коронавирус минатата година.

Поради тоа своите напори ги усмерија кон маски кои откриваат Ковид, а напредокот на тоа поле го објавија во медицинскиот магазин „Nature Biotechnology“.

Сензорите се вметнати во маските за да може да откријат честички од вирусот во здивот. Лицето кое ја носи маската мора да притисне копче со кое го почнува процесот на тестирање.

Резултатот во наредните 90 минути е подготвен и видлив само на внатрешната страна на маската, поради приватност.

04.07.2021 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега