Маск најави дека следната година Тесла ќе има прототип на хуманоиден робот

 

По доминација на пазарот на електрични возила и влезот во вселенската трка, сопственикот на Тесла, Илон Маск, објави нова област што сака да ја освои - хуманоидна роботика.

Тој рече дека ќе го има првиот прототип на хуманоидниот Tesla Bot до следната година.

„Врз основа на истата технологија како полуавтономните возила, роботот ќе може да извршува основни задачи насочени кон елиминирање на потребата луѓе да се вклучат во опасни или здодевни работи“, рече Маск на онлајн настан за напредокот на Тесла во вештачката интелигенција.

„Тесла е веројатно најголемата роботска компанија во светот, бидејќи нашите автомобили се получувствителни роботи на тркала“, рече Маск. „Некако има смисла да се стави во хуманоидна форма.“

Фалењето на Маск со технологијата за автоматизација доаѓа во време кога Тесла се соочува со зголемена контрола врз нивниот систем за помош на возачите, а регулаторите за безбедност во Соединетите држави започнале истрага по серијата судири.

 

20.08.2021 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега