Машки изговори за некористење на кондом

Мажите многупати користат изговори за некористење на кондом при сексуални односи. Еве, токму неколку примери но и идеи како да одговорите на нив. 

Ситуација 1: Тој: „Кондомите се скапи. Зошто да фрламе пари за ништо?“

Предлог: Кондомите се многу поевтини од посетите на гинеколог за лекување на инфекција или болест, а уште поевтини од растењето на бебе. Наредниот пат кога ќе бидете излезени, напијте се една пијачка помалку и ќе заштедите доволно. Ако сепак финансиите се главниот проблем, искористете ги акциите кои се организираат, а за време на кои бесплатно се делат кондоми.

 
Ситуација 2: Тој: „Не ми веруваш дека немам болест? Здрав сум.“

Предлог: Ако вашиот партнер изгледа здрав, тоа не значи дека навистина не носи некоја инфекција. Кај 50% од мажите и над 70% од жените кои имаат хламидија не се појавуваат никакви симптоми и најголем дел од нив не знаат дека имаат таков проблем. Не заборавајте дека довербата не се гради со некористење на кондом. Кондомите отпаѓаат од игра дури откако ќе биде изградена силна доверба во врската. А и во тој случај, останува ризикот од несакана бременост.

 
Ситуација 3: Тој: „Со кондом ништо не чувствувам. Се губи задоволството.“ / „Кондомот ми влијае негативно на ерекцијата.“

Предлог: Денес постојат најразлични марки кои нудат кондоми со различни големини, дебелини, вкусови... Ако вашиот партнер се жали дека гумичката му го убива задоволството, побарајте ултра-тенки кондоми. Доколку вашиот партнер има проблем да ја одржи ерекцијата кога носи кондом, помогнете му со визуелна, рачна или орална стимулација. Бонус за мажите е што многумина со кондом издржуваат подолго и полесно можат да ја контролираат ејакулацијата, па сексуалниот однос трае подолго.

Ситуација 4: Тој: „Само еднаш. Ќе купам наредниот пат, ветувам.“

 

07.10.2021 - 23:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега