Марковска Илиевска: Владата има решение за загадениот воздух
Седум години СДС потроши над 25 милијарди евра преку буџетот, а не инвестираше ниту едно евро за подобрување на животната средина и намалување на загадување воздухот, рече на денешната прес-конференција на Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.
Скопје со денови се гуши и е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот, истакна Марковска Илиевска.
„Граѓаните со право се револтирани. Затоа што болниците се полни со пациенти како последица на загадениот воздух.
Во изминативе децении проблемот се напластувал, а решение имало многу малку. Ова особено е случај со последните седум години кога не е преземено ништо во однос на тоа.
Потребен е системски пристап за намалување на загадувањето кој ќе вроди со плод на среден рок. Владата на ВМРО-ДПМНЕ има план од неколку столбови, меѓу кои најглавна е целосна гасификација на земјата. И изградба на когенеративна централа во Скопје со цел проширување на топловодната мрежа. Во делови од градот коишто користат други горива за загревање на домовите, а кои се причинител од над 60% за загадениот воздух.
Со изградбата на когенеративната централа во голема мера ќе се намали загадувањето, а со целосна гасификација и на индустриски објекти процентот на загаденост уште повеќе ќе се намали.
Владата во наредниот период планира и големи акции за пошумување и други мерки кои на долг рок ќе ја подобрат животната средина.
ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи и како одговорно се постапува со животната средина и намалувањето на загадувањето“, нагласи Марковска Илиевска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа