Маричиќ: Поради ВМРО-ДПМНЕ уставните измени подоцна ќе бидат многу скапи
Првото прашање што ќе се отвори, кога Мицковски ќе го отвори прашањето за пресудите во Стразбур, и за внесување на македонците во уставот на Бугарија, одговорот на Бугарија ќе биде-добро во ред да разговараме, но дајте да рзаговараме и за македонскиот јазик. Спремни ли се да разговараат за македонскиот јазик? Ние тоа прашање го затворивме. Никој веќе не го дискутира. Зошто да ги отвораме тие рани повторно? За да ВМРО-ДПМНЕ има кауза. Многу скапо ќе ни дојдат уставните измени во подоцнежна фаза, поради инаетот на ВМРО-ДПМНЕ, рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа