Маричиќ: Паднаа во вода напумпаните анкети на ДПМНЕ
Вчера уште еднаш бевме сведоци на лажните пропаганди и напумпани анкети на ДПМНЕ, дека тие биле непобедливи, дека имаат не знам каков рејтинг, дека наспроти СДСМ е 2-1, 3-1.
Но, вчера видовме дека тоа воопшто нема врска со реалноста. Се докажа дека нивните анкети, напумпани и лажни, служат како пропаганден инструмент за храбрење на нивните гласачи. СДСМ вчера покажа една организациона супериорност бидејќи во исто време организиравме и 8- мартовски марш на Форумот на жени во Кавадарци, каде што имаше над 6.000 луѓе, и во исто време собиравме потписи, за неколку часа се собраа преку 22.000, а вечерта имавме конгрес каде ја потврдивме кандидатурата на Пендаровски за втор мандат, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на гостувањето во утринската емисија на Слободен печат.
„Само 3-4.000 потписи имаше Силјановска повеќе, ама тоа е затоа што ние бевме фокусирани на повеќе настани, а ако се фокусиравме само на тоа ќе имавме и повеќе. Она што го видовме на дело е дека СДСМ е во добра партиска кондиција, обединета во делувањето, фокусирана на најбитните прашања и успева да покаже и пред граѓаните и пред сите дека е единствената прогресивна опција која треба да се поддржи“, рече Маричиќ.
Тој потенцираше дека е видлива разликата меѓу Стево Пендаровски, кој покажа дека е претседател на сите граѓани, без ниту една дамка или афера за време на својот мандат, наспроти Силјановска, која е следбеник на Ѓорѓе Иванов со кој тонеше државата 11 години.
“ДПМНЕ ја предлага Силјановска, која е наследник на политиките на Иванов, за кој веќе не можеме и да ги доброиме гафовите. Таа објави дека ќе потпишела амнестија за насилниците од 27. април, таа беше потписник за кандидатурата на Иванов и е продолжител на неговите ликот и дело, за кој никој од нас не сакаме да се повтори“, рече Маричиќ.
Маричиќ потенцираше дека многу е важно политиката на ДПМНЕ која е безидејна да биде поразена. Затоа има разлика помеѓу Пендаровски и Силјановска и има разлика помеѓу политиките што нуди СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа