Маричиќ на четвртото место: Ова се министрите кои најмногу трошеле по кафани
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи потрошил најмногу од сите министри за ресторани во земјава, покажуваат податоците од „Алатката за отчетност на јавните функционери“.
За 11 месеци, министерот за надворешни работи во кафаните ширум Македонија потрошил 5 470 евра или во просек месечно трошел по безмалку 500 евра државни пари.
Следен на листата е вицепремиерот Артан Груби кој јадење и пиење во ресторани потрошил 4 428 евра или во просек 400 евра месечно.
На листата следни се Никола Димитров со 3 020, Бојан Маричиќ со 2 650, Насер Нуредини со 1 905 евра.
Премиерот, неговите заменици и министрите за 11 месеци лани потрошиле речиси 200.000 евра за авионски карти, хотели, ресторани, дневници...
Алатката за отчетност повторно влезе во функција откако јавноста подолг период немаше увид во трошењата на јавните функционери. Достапни се податоци само за 11 месеци, бидејќи не во алатката не се вметнати трошоците направени во декември 2021 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа