Малолетник со мотоцикл прегазил пешак во Битола

Вчера во 09.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова’’ во Битола, мотоцикл со битолски регистарсски ознаки, управуван од малолетник од Битола, удрил во пешакот Б.Б.(81) од Битола.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

11.06.2024 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега