Малолетничка, жена и маж се повредени – со возило излетале од пат

На 13.09.2024 во 12:05 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на магистралниот пат А-2 во с. Страцин, кратовско, на место викано „Поповски рид“ патничко возило „фолксваген поло“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(59) од село Туралево, кратовско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото и малолетна сопатничка од Кратово, констатирани во Градската општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кратово.

14.09.2024 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега