Македонските фудбалерки загубија од Словенија во последниот меч од квалификациите за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај фаворитот Словенија (4:0) во последниот натпревар од квалификациите за сениорското ЕП и остана без можност да се бори за пласман на завршницата и преку бараж.

Прашникар постигна два, а Корошец и Кастелец по еден гол за потврда на перфектниот учинок и заслужено прво место во групата за Словенија, која си обезбеди пласман на ЕП во Швајцарија.

Место во баражот има за Летонија, селекција која денеска дури во финишот ја обезбеди победата против Молдавија (2:1), па на тој начин ја потисна Македонија на третото место во групата.

16.07.2024 - 22:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега