Македонски Концепт до ДУИ: Богојевски ви смета зошто сакате мафијашка држава

 

ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси! Ова денеска го велат од Македонски Концепт, откако ДУИ преку соопштение порачаа дека во државава се наградуваат со функции само оние кои ги навредуваат Албанците, откако Петар Богојевски беше назначен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

- ДУИ сака политичари Македонци кои се спремни, за пари да тргуваат со националните интереси. Ние не сме такви. Тоа време помина! Македонски концепт констатира дека партијата ДУИ повторно покажува дека нејзината политичка агенда не е насочена кон соживот, реформи и европска интеграција, туку кон заштита на лични интереси и одбрана од промените кои доаѓаат. Кога ДУИ напаѓа и критикува некого, тоа е пофалба. Кога не напаѓа најкорумпираната партија во Македонија и пошироко, ние знаеме дека сме на права страна. Последниот напад врз д-р Петар Богојески е директен доказ дека ДУИ не сака и не прифаќа политичари кои отворено, чесно и бескомпромисно се борат за македонските национални интереси. Наместо да се соочат со сопствениот придонес кон корупцијата, партизацијата и злоупотребата на европските фондови, тие избраа да напаѓаат човек чија мисија е токму – да стави крај на тие злоупотреби, велат од Македонски Концепт.

Додаваат дека говорење вистина не е искажување навреди, кон никого, па ниту кон Албанци.

- Богојески напаѓа арамии и шовинисти, а се бори за полни граѓански права за сите етнички заедници и нов граѓански Устав на земјата. ДУИ е против граѓанска држава, затоа што сака мафијашка држава за себе. ДУИ има проблем со вистината. Има проблем со редот и правдата. Има проблем со тоа што конечно некој ќе воведе еднакви правила за сите – без партиски привилегии и без „тренинг на магариња“ платен од европски пари. Македонски концепт не отстапува. Нема да се повлечеме пред оние кои сакаат да го задушат секој македонски став, секој слободен поединец и секој обид за вистинска реформа. Македонските интереси нема да бидат цензурирани. Европа не значи молк пред неправдата. Македонија ќе победи – со вистина, со храброст и со визија, велат од таму.

Инаку, Богојевски доаѓа на местото на Марко Ѓоргиевски, а официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска. 

-Почитувани пријатели, почитувани сограѓани, почитувана јавност, Со особена чест и чувство на одговорност ве информирам дека ја примив Одлуката од страна на стручниот Управен одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која на Јавен повик сум избран на позицијата директор на оваа важна национална институција. Овој предизвик го прифатив свесно и одговорно, не затоа што е лесен, туку токму поради комплексноста и сериозноста на задачите што произлегуваат од образовниот сектор, особено во рамките на европските образовни програми, напиша Богојевски на Фејсбук.

Упати искрено благодарам за довербата што му е укажана.
 
- Би сакал да изразам благодарност и почит и кон мојот противкандидат за конструктивното учество во јавната постапка, како и кон досегашниот директор за неговата посветеност и придонес во развојот на Агенцијата. Официјалното примопредавање на обврските во рамки на ЕУ, во присуство на претставници на Европската Комисија, ќе се одржи на 15 мај 2025 година во Варшава, Полска. Во согласност со новите професионални ангажмани, моите позиции како професор на Воената академија во Скопје и на Универзитетот за мир на Обединетите Нации ќе бидат привремено ставени во мирување, иако ќе продолжам активно да учествувам во наставниот процес и да работам со студентите. Со задоволство ве поканувам на прес-конференцијата што ќе ја одржам наредната недела, на која ќе бидат детално презентирани приоритетите, стратегиските насоки и плановите за работа кои заедно со мојот тим ќе ги спроведеме во рамките на Националната агенција, напиша тој.
10.04.2025 - 10:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега