Македонската скијачка Цветановска освои први бодови на Светскиот куп

 

Ана Цветановска оствари огромен успех за македонскиот ски спорт и испиша историја со освоените први бодови во натпреварите од Светскиот куп, кој се одржа изминатиот викенд во Давос, Швајцарија.

Младата и надежна Цветановска освои 18 бодови во нордиско скијање, со што ја издигна Македонија на 22 место на светската ранг листа.

– Две добри трки зад мене изминатиов викенд во Давос, и ги освоив првите точки за Нордиското скијање во Македонија од постоењето. Продолжувам со напорни тренинзи за уште поголеми успеси – рече Цветановска.

19.12.2022 - 20:42
Фото: 
ФБ Ана Цветановска

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега