Македонија ќе соработува со Индија?

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со амбасадорот на Индија, Санџаи Рана, со седиште во Република Бугарија. На средбата, како што инфпрмираат од МТСП, се разговарало за областите на соработка кои можат да се воспостават помеѓу двете држави, социјалната и детска заштита, работните односи, невработеноста, пензискиот систем и миграцијата.

Министерката Тренчевска го информирала амбасадорот Рана, за социјалната реформа која се спроведува од 2019 година и која, како што рекла, донела бројни придобивки за ранливите категории на граѓани, како и антикризните мерки кои значат поддршка за лицата на кои помошта им е неопходна во време на криза.

Таа информирала и за подготовката на новиот Закон за работни односи, кој е во финална фаза, а е во насока на унапредување на работните односи, законско решение кое се креира со вклученост на сите релевантни актери во општеството.

Амбасадорот Рана, иницирал соработка помеѓу двете држави во областа на работните односи, односно склучување на декларација за соработка во областа на трудот, за граѓаните на двете држави.

Индискиот амбасадор изразил поддршка за интегративниот процес на нашата земја во Европската Унија и уверување за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете држави. 

28.11.2022 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега