Македонија ќе има двајца учесници на ЕП во Италија

 

Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, според остварениот ранкинг доби право да учествува во скок во далечина на Европското првенство кое ќе се реализира од 7 до 12 јуни во Рим.

Тој во Италија ќе му се придружи на нашиот, Дарио Ивановски, кој претходно си обезбеди норма за учество во полумаратонот.

Андреас ќе настапи во квалификациите во скок во далечина на 7 јуни и доколку ги помине, ќе биде дел од финалето на 8 јуни. Ивановски, пак, ќе трча на полумаратонската трка на 9 јуни.

30.05.2024 - 19:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега