Македонија докажува дека е фактор на стабилност, Ковачевски домаќин на средбата Вучиќ - Курти

 

Премиерот Димитар Ковачевски најверојатно ќе биде домаќин на средбата меѓу лидерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти, како дел од преговорите меѓу двете држави кои се водат под покровителство на ЕУ и САД, неофицијално дознава Прес24.Средбата ќе се одржи во присуство и со поддршка на високиот претставник Жосеп Борел и специјалниот пратеник Мирослав Лајчак.

Резултатот од денешниот состанок во Брисел е прифатената содржина на договорот, која според информациите прифатлива е за двете страни, без понатамошни забелешки и потреба за дополнителна дискусија по однос на текстот. Останува да се допрецизира планот за имплементација кој во деновите што следуваат ќе биде предмет на дискусија помеѓу преговарачките страни.

Овој договор е исклучително важен за иднината и стабилноста на регионот, а Македонија уште еднаш докажува дека фактор на стабилност, односно земја членка на НАТО, која ги отпочна преговорите со ЕУ и како земја која претседава со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во Европа.

Оваа констатација беше неодамна потврдена и посочена на Минхенската безбедносна конференција каде премиерот Ковачевски ја предводеше владината делегација.

27.02.2023 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега